Повторно беше почувствуван земјотрес на територија на Македонија, а најголем дел од сведоштвата се од Битола, иако се почувствува потресот и пошироко.
Има сведоштва и од Скопје и Велес.
Според Европската макросеизмичка станица, се работи за потрес регистриран 20 километри јужно од Битола, што се поклопува со подрачјето околу Лерин во соседна Грција.