Сквернавени православните гробишта во Сарај. Десетина надгробни плочи се оштетени и бутнати. Непознати сторители пробале целосно да ги искршат мермерните плочи, удирале со камења со што ги напукнале и преполовиле спомен плочите на неколку гробници. Посегнале и по клупите околу спомениците и ги расфрлале вазните со цвеќиња. Штетите ги забележал еден од локалните жители кои утрово дошол на гробот кај свои роднини. Според нив предизвикани се големи материјални штети.
Жителите велат ова не е прв пат да бидат сквернавени православната црква и гробиштата во селото.
Овие гробишта се единствените православни во населено место Сарај на кои почиваат роднини на околу 60тина фамилии кои сеуште живеат во селото, но и на оние кои се отселиле од Сарај.
– Жителите на Сарај тврдат дека ова е трет случај на уништување спомен плочи за само еден месец. Се сомневаат дека сторителите се прекачиле преку оградата и со камења удирале по гробиштата. Полицијата доаѓа за прв пат откако утринава биле пријавени 10 оштетени гробишта.
Извор:сител.мк