Повторно ограбена аптека во Скопје

На 13.10.2021 во 21.44 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на бул.„Јане Сандански“ едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Изминатиот период имаше повеќе случаи на грабежи во аптека. Пред само два дена беше ограбена аптека на булевар „Партизански одреди“, а при крајот на минатиот месец во Чаир имаше вооружен грабеж. Сопственикот на аптеката почина на местото на настанот, поради шокот кој го затекнал кога дошол по грабежот.