Повторно оглас за доизградба на ООУ. „Димитар Македонски“ во Лисиче

Министерството за образование и наука ја отпочна постапката за јавна набавка за склучување на повеќегодишен договор за продолжување со изградба на училиштето OOУ. „Димитар Македонски“ во Општина Аеродром.

Ова следува откако Владата минатиот месец даде согласност за превземање обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот за доизградбата на училиштето, при беше соопштено дека јавната набавка ќе чини над 950.000 евра.

Во огласот објавен од страна на Министерството за образование и наука се објавени условите за добивање на договорот, па сите заинтересирани страни може да ја превземат тендерската документација.

Понудите треба да се достават најдоцна до 08.01.2020 година во 10 часот, а јавното отворање на истите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите.

Критериумот за добивање на договорот кој ќе биде со важност од 17 месеци, е најниската цена, а од буџетот за оваа намена беа одвоени вкупно 58.788.000,00 денари.

Министерството за образование на почетокот на минатиот месец донесе одлука за поништување на постапката со која требаше да се доврши започнатата градба на ОУ Димитар Македонски во скопската населба Лисиче.

Инаку за потсетување учениците од ова основно училиште наставата ја следат во субстандардни услови, во бараки изградени во 1964 година.