Повторно метеж на улицата Бутелска (фото)

Бутелчани и граѓаните што се упатуваат за влез или излез кон скопската општина Бутел никако да се спасат од сообраќајниот метеж.

Фото: Нова Македонија

Ако претходно беше проблем недовршеното пробивање на улицата Христијан Тодоровски-Карпош, сега отежнат проток на возила има поради веќе започнатите градежни работи на изградбата на атмосферската канализација на улицата Александар Урдаревски.

Веќе се гради на потегот од кружниот тек во Бутел до улицата Бутелска и на еден дел од тој потег тамошните жители ниту пеш не можат да поминат за да стигнат до пазарчето во Бутел.