
Иако веќе сме речиси на средината на месец мај, територијата на Балканот ќе биде зафатена од нов поладен бран кој ќе се спушти од северозапад преку Алпскиот регион и ќе донесе нагло заладување, пад на температурите за 10 до 15, па и за повеќе од 15 степени, силен ветер, дожд па дури и појава снег на планините.
Веќе од ноќта кон среда се очекува и поголем пад на температурите во Македонија, според најновата прогноза на Метеоаларм.
Во периодот од 13-ти до 17-ти мај времето ќе се задржи умерено облачно и посвежо. Ќе врне дожд повремено, а ќе има и услови за грмежи, па затоа можеме да очекуваме прилично нестабилна средина од месецот.