Повторно кражба од гробишта - Украдена бронзена биста

Откако три бронзени бисти пред три дена беа украдени од градските гробишта Бутел, до полицијата повторно стигнала пријава за кражба на биста. 

- На 16.04.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје, С.А.М.(47) од Скопје пријавила дека од гробиштата во Ѓорче Петров со употреба на физичка сила била одземена една бронзена биста, соопштија од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.