Повторно измена: Авионот со ракометарите на Вардар нема да слета во 16 часот

Според првичните информации ракометарите на Вардар требаше да се враќаат назад во Скопје вечерва околу полноќ, па потоа се смени агендата дека треба да пристигнат околу 16.00 часот, но сепак пак има и други промена.

Според информациите на Скопје Инфо, ракометарите на аеродромот треба да слетаат во 19.00 часот, а причината за одложување е поради Нато самитот. 

Пречек ќе има и на аеродром и потоа на плоштадот „Македонија“.