Повторно исчезна штитеник од дом: 12-годишно дете не се вратило во „Ранка Милановиќ“

На 07.09.2018 година во 19:30 часот во Полициска станица Гази Баба од страна на вработена во ЈЗУ “Ранка Милановиќ” е пријавено дека на 06.09.2018 година во 11.00 часот од домот во непознат правец се оддалечил 12 годишен штитеник на домот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.