Повторно гори кај скопскиот Аквадукт - Вчера интервенирала и полицијата бидејќи пожарникарите биле спречувани во гасењето

Од Центарот за управување со кризи информираа дека повторно е активен пожарот кај скопскиот Аквадукт кој изби вчера попладне. 

Вчеа беше известено дека пожарот бил локализиран, а опожарена е ниска вегетација и ниска стеблеста шума.

Интервенирале девет пожарникари на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со три противпожарни возила.

Дирекцијата за заштита и спасување информираше дека противпожарните екипи при гаснењето на пожарот биле попречувани од граѓани кои живеат околу опожареното место поради што била побарана и полициска интервенција.

– Екипите на скопската БППЗ веднаш излегоа на терен но при гаснењето беа попречувани од припадници на една етничка заедница која живее на и околу опожареното место поради што беше побарана полициска интервенција за непречено одвивање на гаснењето. 

Со став на темава се јави познатата инфлуенсерка Ина Многуфина! Ова е нејзиниот став во целост: 

Аквадуктот во Скопје е богатство. Да беше во било која земја која го чува своето археолошко богатство сега ќе имаше организиран превоз до таму за туристи, ќе беше обавезна точка за посета, ќе имаше сувенирџилници околу, можеби некое кафуле за луѓето да поуживаат во глетката и да се сликнат. Може да имаше и некое музејче од работи најдени околу и секако обезбедување. Аквадуктот, не е баш јасно дали е од римско или византиско, но завршен е во османлиско. Го снабдувал со вода градот Скупи, главен град на многу битната римска провинција Дарданија или го снабдувал Јустинијана Прима. Се уште има полемики околу тоа но секако многу е важен. Ние го чуваме во трева, змијарник, усмрден на фекалии како да ни е вишок. Вчера имаше пожар близу него и пожарникарите, моите херои овој период, биле попречувани да го гасат. Пошо не може они да гасат каде сакаат има ред овде, држава е ова не е заебанција. Е сега, замислете во Грција, да гореше околу нешто, било што не знам еве Акропол да речеме или во Рим околу Колосеумот и некој да спречуваше да се гаси. Па тоа ќе беше апсење со камери со судење со све по список. Тоа е, не си ги чуваме работите ко шо треба, историјата и богатството. Жално многу жално. До такви богатства треба да ти е мерак да се доближиш, да ги видиш од блиску, да ги пипнеш. Кај нас ги мочаат. Буквално.