Вчера во полициската станица во Сарај во 18:08 часот било пријавено дека е пронајдено момче на возраст од 20-години со повреди од остар предмет во парк во с. Сарај.
Момчето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, а според неговата изјава, околу 16.30 часот во парк во Сарај едно лице го нападнало со остар предмет и му ги нанело повредите.