Повредено дете при качување во автобус, вратата му ја фатило раката

Четири годишно дете се здобило со тешки повреди на раката кога при затворање на предната врата на автобус на ЈСП, му била приклештена десната рака.

Детето со возило веднаш било пренесено во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди на десната рака, а по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување.

Се работи на целосно расчистување на настанот.