Повредениот Игор од Кочани до политичарите: Додека се препукувате, нам секој ден ни е нов предизвик

Игор Стоименов од Кочани, кој беше меѓу повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“, преку фејсбук статус, порачува дека додека власта и опозициските партии се препукуваат за трагедијата во Кочани, на нив им е потребна помош. 

- Додека власта и опозицијата се препукуват кој е виновен за трагедијата, на нас повредените секој ден ни е нов предизвик. Боле, боцка, пече, чеша, отекува и така у круг... ние имаме потреба од медицинска помош, 24/7, шо со еден доктор е невозможно. Одлепете се од тие камери, не е е време за политика луѓе, време е за хуманост, треба ни грижа, поддршка, треба ни надеж! - гласи неговата порака до политичарите.