Повредени седум полицајци на протестот против пресудата за „Монструм“

Повредени се седуммина полицајци кои денеска се обидувале да задржат мир на протестот против пресудата за „Монструм“, јавува МИА. 

Досега се знаеше дека се нападнати неколку полицајци, но и новинари-репортери кои известувале за настанот. 

Денешниот протест започна во Чаир и требаше да продолжи до Владата, но кај Бит пазар полициски кордон ги пречека демонстрантите и ги спречи да продолжат понатаму. Во текот на протестот имаше неколку обиди да се пробие кордонот и полицијата беше повеќепати нападната, по што беа употребени шок-бомби за да се растераат демонстрантите.