Повредени се три лица - МВР со детали за сообраќајката вчеравечер на раскрсница во Центар

МВР со детали за сообраќајката што се случи доцна синоќа во центарот на Скопје

Како што информираа оттаму вчеравечер околу 21.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булевар „Св. Климент Охридски“, ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул. „Димитрие Чуповски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „пежо боксер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Е.(59) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(47) од село Волково, скопско.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште една сопатничка од возилото „пежо боксер“ Ф.Е.(46) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“, известија од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.