Синоќа во 22.10 часот, полицијата го уапсила 25-годишниот Н.А. од с.Слупчане, општина Липково откако со патничко возило „ауди“ со кумновски таблички удрило во паркирано возило „шкода јети“, во сопственост на МВР при што полицајците се здобиле со повреди констатирани во болницата во Куманово.
Од она што е пријавено полицајците се обиделе да го запрат откако добиле сознанија дека превезува мигранти. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, а во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Непал. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.