Возач на автобус од ЈСП нагло закочил и удрил во електронска рампа, при што повредени се две патнички во автобусот.
Од Министерството за внатрешни работи, информираат за деталите околу случајот.
-На 04.10.2022 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Скопје, И.М.(42) од с.Чифлик, скопско, управувајќи автобус на ЈСП нагло закочил и удрил во електронска рампа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила патничката С.Б.(43), а со телесни повреди се здобила патничката М.А.(32), двете од с.Долно Соње, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - се вели во соопштението на МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.