Вчера во 13.30 часот во СВР Велес била пријавена сообраќајка на регионалниот пат од с.Извор кон с.Јасеново, општина Чашка. Во несреќата учестувале мопед „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од малолетничка од с.Извор, велешко и патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(77) од Скопје.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мопедот од с.Извор, а со телесни повреди се здобила малолетничката која го управувала мопедот, констатирани во Општата болница Велес“, информира МВР.