
Вчера во Гостивар се случила сообраќајна незгода во која биле повредени две малолетнички.
Како што информираат од МВР, вчера во 12:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека 16-годишна девојка од Гостивар, управувајќи со електричен тротинет, изгубила контрола и паднала.
Со неа имала и 14-годишна сопатничка, која се здобила со тешки телесни повреди, додека 16-годишната девојка се здобила со телесни повреди, кои биле констатирани во болницата во Гостивар.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.