
СВР Штип информира дека вчера се повредени двајца работници на работни задачи, едниот во рудникот во Пробиштип, а другиот во фирма во селото Соколарци.
-На 07.04.2025 во 15.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека Итна медицинска помош со повреди бил донесен В.С.(57) од село Спанчево, кочанско. Според проијавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма во село Соколарци.
- Исто така вчера во 19.15 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во Здравствен дом во Пробиштип со повреди бил донесен В.С.(52) од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рдуник во Пробиштип.
И во двата случаи бил извршен увид и се работи на расчистување на случајот, се вели во информацијата.