Повредени двајца малолетници, паднале од мотор

На 10.05.2021 во 19.50 часот било пријавено дека на локален пат с.Брњарце-с.Стајковци, мопед „баотиан“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од с.Стајковци, скопско, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата со повреди се здобил возачот на кого му е укажана лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од с.Стајковци, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.