Повредени двајца малолетници откако со мопед се судриле со автомобил

Сообраќајна несреќа се случила вчера во 19.30 часот во с.Велгошти, охридско помеѓу патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(24) од с.Велгошти и мопед „лонгиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Лешани, општина Дебрца.

Од МВР информираат дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мопедот, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал мопедот и возачот Д.Ш., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница - Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.