Повредени 20 лица: Што се случуваше викендов во Скопје?

За време на викендот на подрачјето на Скопје се случиле 40 сообраќајни незгоди од кои во 17 потешко е повредено едно лице, а со полесни повреди се здобиле 20 лица. 

Материјална штета е причинета во 23 сообраќајни незгоди. 

Во петокот се случиле 16 сообраќајни незгоди од кои во седум со полесни повреди се здобиле осум лица, а девет незгоди биле со причинета материјална штета.

Самостојниот инспектор Драган Вељановски информира дека во саботата е извршен увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Во една со тешки телесни повреди се здобил возач на мопед, а во пет со полесни повреди се здобиле пет лица. Во четири незгоди била причинета материјална штета. 

Во текот на вчерашниот ден е извршен увид на 14 сообраќајни незгоди, од кои во четири со полесни повреди се здобиле седум лица, а 10 биле со материјална штета.