Повредена жена во Стајковци, итно пренесена во „Наум Охридски“

Во скопското село Стајковци, вчера во 16.30 часот, патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(37) од Скопје, удрило во пешакот Б.Р.(71) од село Стајковци.

Б.Р. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.