Вчера во 17.40 часот во полициска станица од страна на 45-годишната Х.С. било пријавено дека се здобила со повреди откако 1 час претходно во населбата Гоце Делчев, во нејзинот дом пукнала плинска боца која ја повредила.
Боцата што пукнала била приклучена на греалка при што Х.С. се здобила со изгореници кои и биле констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.