Повреден возачот, искршени стакла: Агресивен скопјанец попречувал движење на автобус

Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(36) од Скопје.

Како што информираат од полицијата тој, претходно, на крстосница на бул.„Кузман Јосифовски – Питу“ со бул.„Кочо Рацин“, попречувал движење на автобус на ЈСП, агресивно се однесувал кон возачот и патниците и оштетил едно стакло, при што со повреди се здобил возачот З.Р.(51) од Волково, скопско.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.