Повреден 33-годишен возач, излетал од пат во кичевско со четирицикл

Тешко повреден возач на четицикл од кичевско откако излетал од пат. 

- На 08.03.2025 во 17.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека Н.Р.(33) од кичевското село Зајас, управувајќи четирицикл на шумски пат помеѓу кичевските села Кнежино и Крушино, излетал од патот. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, соопштија од полицијата.