27-годишен осуденик бил повреден при тепачка во затворот Идризово.
- На 18.11.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека од Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди бил донесен осуденикот О.М.(27) од Скопје. Според пријавеното, околу 14.30 часот во кругот на установата тој бил нападнат со тврд предмет од друг осуденик, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.