Повратокот на ДДВ кај граѓаните прво ќе се тестира

Проектот за повраток на ДДВ кај физичките лица најпрво ќе биде пуштен како пилот-проект во неколку општини, а потоа ќе се види како ќе функционира, рече вице-премиерот Кочо Анѓушев.

- Во врска со повраток на ДДВ, тоа е проект кој се размислува како да не влијае негативно ниту на буџетот ниту на граѓаните. Мислам дека најпрво ќе се пушти како пилот-проект во неколку општини, рече Анѓушев кој додаде дека целосни информации можат да се добијат од министерството за финансии, бидејќи тоа е проект на министерството - изјави тој.

Повратокот на ДДВ кај индивидуалците како свој проект го наваи Владата во програмата на СДСМ за време на изборите во 2016 и 2014-та.