Повозрасните на удар: На скопјанка и нуделе дрва по ниска цена, и ги зеле парите, а не добила ништо

Веќе четврт случај во кој повозрасни жители се измамени на ист начин е пријавен вчера во скопската полиција. Вчера во 15 часот и 10 минути во полициската станица Аеродром, 65- годишната В.К од Скопје пријавила дека истиот ден околу 10.00 часот во село Долно Лисиче непознат сторител и извршил измама во дворот од нејзината куќа.

Пред тоа и се јавил нејзиниот брат Р.В. и кажал дека запознал лице кој продавал дрва по поевтина цена. Таа се согласила да ги купи дрвата. После тоа, нејзиниот брат и непознатото лице дошле кај неа дома, но набргу заминале кон пругите кои водат кон населбата Драчево.

Откако пристигнале, непознатото лице му кажал на Р.В. да причека, а тој се вратил во куќата на неговата сестра и побарал 9 000 денари за да ги добие документите за дрва од Ј.П. „Македонски Шуми“. Таа му ги дала парите и тој заминал и не се вратил по што заклучила дека била измамена.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.