Повозрасен пешак настрада во Куманово

Повозрасен пешак настрада во сообраќајка, овој пат во Куманово. 

На 02.06.2022 околу 11.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(46) од Куманово, удрило во пешак И.С.(85) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, соопшти полицијата.