Повлечено млекото за доенчиња „Селија“ од македонскиот пазар

Млеко за доенчиња „Селија“, увезено од Франција, наменето за македонскит пазар повлечено од продажба од Агенцијата за храна и ветеринарство. Повлечени се одредени количини од ова млеко.

АХВ соопшти дека „преку системот на ЕУ во неколку наврати добиена е информација за небезбедна храна, како надополнувања на нотификацијата за небезбедна инфант-формула, млечна храна за доенчиња увезена од Франција.“

Од таму надополнуваат дека се повлечени пакувањата од 1400 грама за доенчиња од 0 до 6 месеци, како и пакувањата од 2400 грама за доенчиња од 6 до 12 месеци. Повлечени се и следните производи: „Селија према“(400гр) и „Селија дигекс“(400гр).

Апелираат да не се купуваат овие производи, а доколку некој веќе ги купил пакувањата, да не се употребуваат и може да се вратат на истото место каде што се купени.

cheap nike free run 5.0