Повкусно од пица, тесто полно кашкавал

СОСТОЈКИ:

6 јајца

1 шолја вода

2,5 шолји брашно

1 лажиче сода

1 лажиче сол

250 гр. путер

300 гр. кашкавал

250 гр. сирење

ПОДГОТОВКА:

Се сее брашното и се додаваат четири јајца со вода со сол и сода, па се меси тесто, кое се дели на 4 топки кои се оставаат да нараснат.

Се расукува секоја топка тесто и се става доста вода во тенџере, па се ставаат корите да се сварат.

Се вари секоја кора две три минути, па се вади и се става во сад со ладна вода.

Потоа се става на чиста крпа.

Се подмачкува тепсија округла како за пица со путерот и се става првата кора, па путер, па втората кора, па кашкавал и сирење рендани и путер стопен.

Се ставаат и другите две кори со иста постапка.

Горе се става доста кашкавал и сирење и путер и се прелива со изматените две јајца и путерот кој ќе ви остане.

Се пече 20 минути на 180 степени.