Повисоки сметки, а парното е „подесено“ на економично греење - Скопјани реагираат за млаките радијатори

Декемвриските сметки за парно ќе бидат повисоки за 6%, но скопјани се жалат дека со вакво парно греење сметките треба да се намалат, а не зголемат. 

Иако надвор е студено, голем број скопјани реагираат дека внатре радијаторите им се млаки, па мора дополнително да вклучуваат греалки. 

Во фејсбук групата „Тафталиџе“ скопјанец сподели „Со вакво греење Топлификација треба да ја намали цената, а не да ја зголеми!“. 

Во Аеродром и Карпош 1 е катастрофа, а цела година плаќаме сметки, додава друг скопјанец. 

И во Центар никогаш не било полошо...

- Дали насекаде греењето е слабо, скоро и да го нема, а температурите веќе подолго време се под 15 степени, а во утринските и вечерните часови доста пониски? Особено ме чуди ваквата состојба, затоа што секогаш при најавено покачување, греењето го пуштаат на појако, коментира скопјанка. 

Многумина други жители потврдија дека не добиваат квалитетна услуга за парно греење. 

- Следната недела па ич нема да има. Нели ако достигне температурата 12 степени, гасат, коментира скопјанка. 

- Може и си заслужуваме ваков третман од институциите, поради нашата пасивност и кроткост. Бојкотирање на сметките, па нека го пуштаат на свеќи. 

- Грее колку да се каже дека грее! 

- Низ цело Скопје парното е „подесено“ на економично греење. Ние со мали деца измрзнавме, мора да пуштаме клими. 

-  Ново Лисиче млако, скоро студено и на студ под 12 °Ц. Многу претставки, џабе! Само нешто измислуваат, до потрошувачот било, до инсталацијата?! Плаќаш, испуштаат нешто само малку вода за 10 мин. и пак ништо!

- Мислам дека е 2-3 степени послабо одколку лани. На крај во март ќе не греат за да не враќаат пари.