Повисоки плати за сезонските работници во ЈКП „Гази Баба“

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека по вторпат во само една година од неговиот мандат ги покачиле платите на сезонските работници во ЈКП „Гази Баба“.

- Денес бев во посета на ЈКП Гази Баба каде имав средба со дел од сезонските вработени, како и со директорот Игор Атанасовски. Сезонските работници во ЈКП Гази Баба се луѓето кои се секогаш и секаде, при секакви прилики да делуваат во интерес на граѓаните. Сè додека граѓаните се задоволни од работата, мојата поддршка и трендот на зголемување на платите во ЈКП Гази Баба ќе продолжи, бидејќи ние сме тука за граѓаните, напиша Стефковски на Фејсбук.