Повозрасна скопјанка измамена за сума од 6.000 евра со лага за наводна сообраќајна несреќа.
- На 11.02.2025 во 13.10 часот во СВР Скопје, 87-годишна жена од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 била измамена од едно машко лице за сума од 6000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка во Канада предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сакала таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, парите ги оставила на претходно договореното место, соопштија од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.