Повик до млади поети за учество на „Отскочна даска“

Скопскиот поетски фестивал, чиешто второ издание ќе се одржи од 29 август до 1 септември, годинава организира преднастан „Отскочна даска“. Станува збор за поетско читање што ќе ги собере сите млади, надежни, познати или помалку познати поети и поетеси од домашната книжевна сцена.

-Настанот ќе има натпреварувачки, но ферски карактер. Ние ќе ги избереме учесниците, а тие ќе си го одберат победникот што ќе отскокне до отворањето на второто издание на СПФ, на 30 септември во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, и ќе чита заедно со другите учесници на фестивалот, соопштија од фестивалот.

Заинтересираните учесници треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат свои две песни на мејлот „contact@spf.mk“ најдоцна до 10-ти август.

Имињата на одбраните натпреварувачи ќе бидат објавени на фејсбук и инстаграм страниците на фестивалот, а читањето ќе се одржи во кафе книжарницата „Буква“ на 29 август, со почеток од 20 часот.

Фестивалот е поддржан од Град Скопје, од кафе-книжарница „Буква” и од Младинскиот културен центар – Скопје