Повик до граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот на Кисела Вода

Општина Кисела Вода информира дека од денеска, граѓаните со пополнување на анкетен лист, објавен на веб страната на Општината, ќе имаат можност да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2021 година.

За таа цел, Општината ги повикува своите жители до 1 декември 2020 година, да го пополнат анкетниот лист, да ги посочат проблемите со кои се соочуваат, како и да дадат предлози за подобрување на условите за живот во нивните населени места.

Предлозите ќе бидат анализирани од страна на стручни лица, од одделните Сектори на Општината, по што, согласно можностите и надлежностите, ќе следува реализација на предложените проекти.

Граѓаните пополнетите анкетни листови, потребно е да ги испраќаат на e-mail: contact@kiselavoda.gov.mk, по пошта или директно да ги доставуваат во архивата на Општина Кисела Вода, на ул. „Петар Дељан“ 17.

За да го преземете анкетниот лист кликнете на:

Анкетен лист