Повеќето луѓе мислат дека се подобри од останатите луѓе

Дали сте подобри возачи од останатите луѓе? Подобри пријатели? Што ако ви кажеме дека повеќето луѓе го мислат истото за себе? Нема математичка логика, затоа што по дефиниција, повеќето луѓе мора да се под просекот, но ова е вистината.

Идејата дека повеќето луѓе се оценуваат себеси како подобри од тоа што навистина се е голем пробив во психологијата. Овој феномен е познат и како ефект на „подобар од просекот“.

Истражување по истражување се откриваат доказите дека овој ефект е реален, но сѐ уште има многу прашања. На пример, дали се случува поради тоа што луѓето имаат потреба да се гледаат себеси како подобри од другите луѓе или има нешто во начинот на кој се оценуваме себеси што прави да се оценува како подобри од просекот? И на крајот на краиштата, дали е ова лошо?

Некои од нас сигурно се натпросечни во одредени работи и повеќето од нас нема да го претераат при само-оценувањето. Во еден натпис во „Економист“ се вели: „Уверувањето дека јас можам да бидам подобар од просекот на мојот тим може да ме мотивира да го подобрам моето време. Уверувањето дека можам да трчам два пати побрзо од просекот значи дека се подготвувам себеси за неуспех. Има граница до која може да се растегнува реалноста, се додека таа не пукне.“

Но, реалноста може да се растегнува прилично многу. Најдобриот пример за ефектот „подобар од просекот“ е едно дејство во истражување од 2013 година. Многу е важно затоа што истражувачите се фокусирале на луѓе кои објективно се потпросечни во многу работи, односно осудени затвореници. Тие откриле дека кога се споредуваат себеси со другите затвореници, осудениците се оцениле себеси како поморални, доверливи, искрени, сочувствителни, дарежливи, со повеќе почит кон законот и самоконтрола и пољубезни од другите.

Можеби ова не е за изненадување, тие се оценуваат себеси во однос на сличните на нив, но има финта: тие се оценуваат себеси како подобри од просечните незатвореници на се освен во една карактеристика, а тоа е почитување на законот. Тука тие се оцениле како еднакви со просечниот човек кој не е затвореник.   

Ова ни кажува дека можеме да имаме навистина погрешна перцепција за нашите доблести. Ова може да биде добро кога се обидувате да надминете некоја пречка, инаку никогаш не би аплицирале за работа за која можеби и го немате потребното искуство или да се пријавите за маратонот за кој навистина немате кондиција. Но, ова може да води и кон тоа да ги потценувате вашите проблеми и да се спречува во решавањето на проблемите.