
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Џ.(57) од гостиварско.
Како што се наведува во полицискиот билтен, 57-годишниот гостиварец ќе одговара кривично поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.
Имено, пријавениот во повеќе наврати следел и вознемирувал 49-годишна жена од Гостивар, а притоа и упатувал ѝ закани.