Повеќечасовни прекини на струјата во делови од Скопје и скопско

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од Илинден и Ѓорче Петров.

- Во периодот од 08.30 до 15.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Текија, Дељадровци и Миладиновци. 

- Во периодот од 09.30 до 14.30 часот, без електрична енергија ќе останат дел корисниците од улицата Ѓуро Салај, корисниците од улиците Алекса Демниевски, улица 19, Даутица како и објектот на основното училиште.