Повеќечасовен прекин на струјата во делови од скопско

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општина Илинден.

Како што информираат оттаму струја ќе немаат корисниците од населба Белви, како и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц.

Прекинот на електричната енергија ќе трае во периодот од 06.00 до 13.00 часот.