Повеќе улици во Кисела Вода денес без струја

ЕВН информира дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денес без електрична енергија ќе останат неколку улици во Кисела Вода.

Станува збор за корисниците од  ул. Наум Охридски и дел од улиците: Чедомир Кантрџиев, 474, Банско, Милан Мијалковиќ, Магленска и Мариовска кои ќе немаат електрична енергија од од 08:30 до 15:00 часот.