Повеќе улици од Карпош утре без вода

 

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре (вторник), поради промена на затворач од ф-100 мм на улицата „Миладин Поповиќ“ бр. 15, ќе има прекин во водоснабдувањето.

Без вода, од 10:00 часот па сè до завршување на работните активности, ќе останат корисниците од улицата „Миладин Поповиќ“, како и дел од корисниците од улиците „Орце Николов“, булевар „Илинден“, „Никола Тесла“ и „Мирка Гинова“ во Општина Карпош.