Повеќе улици од една скопска општина денеска без струја и без вода - дел од Карпош само без струја

Од ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради дефект на огрлица ф-250 милиметри на крстосницата Водњанска/Бел Камен, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците: Водњанска,дел од Бел Камен и дел од Шарски Одред.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот.

Од ЕВН Македонија исто така известија дека денеска без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на Центар и Карпош.

Како што најавија од таму, од 09.00 часот до 15.00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улица Железничка бр. 20, 22, 22-а, 26 и 30 и улица Герман бр. 26 и 30.

Без електрична енергија ќе останат и корисниците од улица1687-Бардовци од 08.40 часот до 15.05 часот.