
Повеќе делови од една скопска општина денеска ќе останат без вода.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска (среда):
- поради санација на затварач ф-400мм на ул.Архиепископ Ангелари бб кај Аустриан Палас во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Лазар Личеновски, ул.13ти Март и ул.Црвена Скопска Општина од 18:00 часот до завршување со работните активности (oпштина Центар).
- поради менување на вентил во шахта на ул.Антоние Грубишиќ , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од следните улици: Антоние Грубишиќ, Пиринска, Наум Наумовски- Борче и Ленинова. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности (општина Центар).