Повеќе улици и објекти во Центар утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација со известување за прекини во водоснабдувањето во текот на утрешниот ден (вторник):

-На ден 04.10.2022 година (вторник) поради дефект на затварач од ф-500 мм на кеј 13 – ти Ноември б.б – во близина на Железниот Мост, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од бул. Кочо Рацин, лоцирани на потегот од Зелен Пазар до Народна банка на Македонија, корисниците од улиците Стив Наумов, Тетовска и Пролет, како и објектите на полициската станица Пролет и амбулантата на МВР. (Општина Центар)