Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф 80мм на ул. Милан Марковиќ бр 7 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Милан Марковиќ, ул. Копачка, ул. Пијанец, ул. Крчин, дел од ул. Козле и дел од ул. Леринска.
Водоснабдувањето е прекинато од 09:00 часот утрово и ќе трае до завршување на интервенцијата.