Повеќе скопски улици денеска без вода

Повеќе скопски улици денеска без вода. 

Од скопски Водовод информираат дека денеска, поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на ул.Мите Богоевски бб (кај Зур Маркет), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Мите Богоевски, Дванаесета Македонска Бригада, Илија Димовски-Гоче, Димитар Македонски, Ван Гог, Архитект Сотир Томовски, Црноризец Храбар, Митре Влаот, Благоја Мучете, Ѓорѓи Андреевиќ Кун, Димитар Благоев и дел од Тодор Чангов.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со работните активности.