Повеќе скопски улици денеска без вода

Од скопски Водовод информираат дека денеска (петок) поради изведување на водоводен приклучок од ф 100 мм на ул.Будимпештанска бр.11б, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Будимпештанска, Осло, Баља Лучка, Хашка, Лубица Горгиева, Урош Ѓудовиќ. 

Прекинот, како што е најавено, ќе трае од 09:00 часот до завршување на работните активности.